САД

Џулијани: Тимот на Малер нема обвинение против Трамп

17.05.2018 10:55

Поранешниот градоначалник на Њујорк изјави дека тимот прифатил да се придржува до одредба на Министерството за правда од времето на претседателот Никсон, според која не се дозволува покренување на обвинение против актуелен претседател.

Според адвокатот на американскиот претседател, тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер не може да поднесе обвинение против Доналд Трамп независно од доказите кои ги поседува против него во истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година. Поранешниот градоначалник на Њујорк изјави дека тимот прифатил да се придржува до одредба на Министерството за правда од времето на претседателот Никсон, според која не се дозволува покренување на обвинение против актуелен претседател.

„Можат само да напишат извештај. Не може да обвинат. Барем ни признаа откако се боревме некое време.  Претедателот има имунитет, па Малер треба да почне да си ја средува истрагата. малер ги има сите факти за да донесе одлука. Има 1,4 милиони документи, интервјуираше 28 сведоци. И пак нема ништо. Крајно време е да речеме дека е доста. Доволно го малтретиравме овој претседател“, изјави адвокатот на Трамп, Руди Џулијани.

Во меѓувреме, Трамп призна дека му платил над 100 илјади долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, што ги реактивираше прашањата за реалцијата со порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Документот со признание што го потпиша претседателот, а го објави американската Канцеларија за владина етика, предизвика коментари меѓу демократите и невладините организации за можно кршење на законот за финансирање предизборни кампањи, кој бара задолжително објавување на трошоците за вршење влијание врз избори.