„Нинг Фенг се враќа“

Концерт на кинескиот виртуоз Нинг Фенг со Македонската филхармонија

17.05.2018 11:34

Овој пат, еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина - „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.

Македонската филхармонија вечева ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика.

Овој пат, еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина - „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс, насловена „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.

Еден од водечките виолинисти во Кина денес, Нинг Фенг иако постојано настапува во својата земја со видни оркестри, тој е и еден од најбараните музичари и во Европа. Моментно живее во Берлин и ужива светска кариера. Критиката ќе го оцени како уметник со прекрасен лиризам и емотивна транспарентност, како музичар со инспиративни технички остварувања.