ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

„Телеграф“: Британија е подготвена да остане во царинската унија и по 2021 година

17.05.2018 12:03

Според утврдената агенда, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во март идната година, но обезбеди преоден договор со кој трговските врски со ЕУ ги задржува непроменети до крајот на 2020 година.

Според „Телеграф“, Велика Британија ќе и каже на ЕУ дека е подготвена да остане во царинска унија и по 2021 година. Британските надлежни министри, кои работат на Брегзит, се договориле за нов план со кој ќе се избегне физичка граница со Ирска откако ги одбија претходните предлози на ЕУ.

Според утврдената агенда, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ во март идната година, но обезбеди преоден договор со кој трговските врски со ЕУ ги задржува непроменети до крајот на 2020 година.

Портпаролот на премиерката Тереза Меј одби да ги коментира информациите. Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние претходно изјави дека нема значителен напредок во преговорите за Брегзит.