БЕРЛИН

20,8 милијарди евра за надминување на миграциската криза

17.05.2018 12:16

Најголема сума била наменета за борбата против причините за масовната миграција, во што биле вклучени министерствата за надворешни работи и економија.

Германија лани потрошила 20,8 милијарди евра за надминување на миграциската криза, објави весникот „Хенделсблат“, повикувајќи се на податоци од Министерството за финансии, што ќе бидат разгледани од владата на 30 мај.

Најголема сума била наменета за борбата против причините за масовната миграција, во што биле вклучени министерствата за надворешни работи и економија.

Финансиска помош била дадена и на федералните провинции и општини за  проширување на детските градинки, изградба на социјалните живеалишта и  сместувањето на бегалците.