Земјоделство

Почна исплатата на субвенциите за тутун

17.05.2018 12:46

За прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информираат од Министерството за земјоделство.

Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта. Зголемување за производството на жолтото злато ќе добијат околу 23 илјади и 400-ни тутунари.

За годинава е постигната највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм. За прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информираат од Министерството за земјоделство.

Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од речиси 100 милиони евра годишно.