Разговори за името

Заев на „Твитер“: Веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави

17.05.2018 13:10

Потврда на досега договореното, поддршка за продолжување на процесот, како и обиди за приближување на позициите во однос на спорните прашања, теми на разговорот меѓу двајцата премиери, Заев и Ципрас...

Во Софија, на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан, тет-а-тет средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас. Потврда на досега договореното, поддршка за продолжување на процесот, како и обиди за приближување на позициите во однос на спорните прашања, теми на разговорот меѓу двајцата премиери.

Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави, напиша на својот Твитер профил македонскиот премиер Заев по средбата со грчкиот премиер Ципрас.

Очекуваниот датум за преговори за нашата земја ќе превенира стагнирање на реформите и на економските процеси, како и интензивирање на национализмот, и ќе го поттикне инволвирањето на трети страни во регионот- напиша во друг Твитер пост Заев.