КОСОВО

Харадинај го активира „Планот Б“ за формирање војска

17.05.2018 14:18

Новиот план предвидува период од 10 години, додека да се затвори транзицијата.

Косовската влада почна со спроведување на „Планот Б“ за трансформација на безбедносните сили на Косово во војска, откако, поради вето на српските пратеници, тоа не успеа да го направи со уставни измени.

Новиот план предвидува период од 10 години, додека да се затвори транзицијата. Според весникот, „Коха Диторе“ пакетот закони е доставен до кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај и откако ќе ги помине владините процедури, ќе биде проследен во Собрание за гласање.