Социјала

Нова стратегија за заштита на ранливите групи

17.05.2018 14:46

Министерката Царовска најави законски измени во социјалната сфера. Во процедура е новата стратегија за заштита на општествено ранливите групи...

Во подготовка е националната стратегија за деинституционализација за опшествено ранливите групи. Предвидени се измени во Законот за социјална заштита. Ќе бидат создадени услови и гаранции лицата кои биле дел од овој процес да не бидат вратени назад.

„Големите институции не ги даваат потребните квалитети за едно дете да живее и да се развие во соодветни услови. Токму затоа мораме да ја префрлиме топката во помали единици и фокусот да го ставиме на згрижувачките семејства“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ посочи дека гломазните институции се штетни за развојот на децата.

„Поради ограниченоста на човечките ресурси, тие деца добиваат минимално време за љубов и посветеност. Без добивање на таа стимулација со тек на времето детето престанува да плаче и да кумуницира“, вели Перкс.

Стрегијата за деинституционализација треба да биде амбициозна, но реална, вели преставникот на ЕУ, Никола Бертолини. Според него суштината на процесот е културна промена.

„Мора да го менуваме менталитетот. Тоа значи промена на односите меѓу професионалците и корисниците, бара примена на нови опшествени улоги, на активно вклучување на корисниците и нивно ангажирање во носењето на одлуките за нивните потреби“, вели Бертолини.

Националната стрегија ги опфаќа децата и лицата со попреченост, деца без родители, постари лица и возрасни со дологорочни ментални потешкотии.

 

Марина Стојанова- Тонева