ХАВАИ

Црвена тревога поради Килауеа

17.05.2018 14:48

Според информациите, од вулканот почнале да излетуваат камења со големина од над половина метар. Токсичниот облак се наоѓа на висина од 3 километри.

На хавајскиот голем остров е прогласена црвена тревога за авиосообраќај поради огромниот облак од пепел над вулканот Килауеа, која се појави откако изби лава која предизвика серија земјотреси.

Според информациите, од вулканот почнале да излетуваат камења со големина од над половина метар. Токсичниот облак се наоѓа на висина од 3 километри.

Земјотресите оштетија голем број патишта и згради. Експертите предупредуваат дека се можни нови експлозивни активности од вулканот.