Завршни зборови за случајот „Тенк“, СЈО бара осудителна пресуда за Груевски

17.05.2018 14:38

Специјалното јавно обвинителство побара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Груевски и екс помошник- министерот во МНР, Поповски, и да ги платат судските трошоци во висина од 313 илјади денари. За поранешната министерка за внатрешни, постапката е издвоена.

Во скопска единица завршни зборови за случајот „Тенк“. Специјалното јавно обвинителство побара судот да ги прогласи за виновни поранешниот премиер Груевски и екс помошник- министерот во МНР, Поповски, и да ги платат судските трошоци во висина од 313 илјади денари. За поранешната министерка за внатрешни, постапката е издвоена.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубески порача дека Груевски додека бил премиер дејствувал со директна умисла и делото го направил од лична желба, но со буџетски средства.

Одбраната пак, посочи дека набавката на мерцедесот била непходна поради безбедносни и технички причини. Адвокатот Алексиќ рече дека со доказите од Обвинителството не се потврдува делото за кое се терети Груевски и предложи ослободителна пресуда.