ТВ- дуел

За соочувањето, Мицкоски ја предлага идната среда

17.05.2018 15:16

Мицкоски објави дека е подготвен за ТВ дуел на МТВ со премиерот Заев. Како термин ја посочува идната среда во 20 часот...

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Мицкоски објави дека е подготвен за ТВ дуел на МТВ со премиерот Заев. Како термин ја посочува идната среда во 20 часот.

„Без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се одржи дебата на која ќе се разговара за името, за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство“, вели првиот човек на опозициската партија.

Јавниот сервис вчера ги покани Заев и Мицкоски на соочување. Во поканата наведе дека терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници во зависност од нивните активности.