Метео: Сончево со умерена облачност, температура до 30 степени

17.05.2018 15:33

Зголемената облачност кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд.

Утре во поголем дел од Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Максималната температура се очекува да достигне до 30 степени.

Попладне ќе настапи зголемување на облачноста. Зголемената облачност кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и интензивираат на повеќе места низ земјата.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска