Израел

Воздушни напади врз екстремисти во појасот Газа

17.05.2018 16:40

Војската наведува дека авиони го бомбардирале воениот комплекс и фабрика за производство на оружје...

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни напади врз позиции на екстремистите во Газа, како одговор на нападите со автоматско оружје од палестинска територија, при што беше погодена зграда во израелскиот град Сдерот.

Војската наведува дека авиони го бомбардирале воениот комплекс и фабрика за производство на оружје во појасот Газа.