Децата и младите сѐ помалку читаат книги

22.05.2018 15:19

Децата и младите сѐ помалку читаат книги и литературни дела, велат психолозите и педагозите. Компјутерите полека, но сигурно ги менуваат работите, а таблетите и електронските книги стануваат сѐ поинтересни за нив. Експертите сметаат дека треба да се створат навики за читање од најмала возраст...

Децата и младите сѐ помалку читаат книги и литературни дела, велат психолозите и педагозите. Ако некогаш важеше правилото дека книгата е прозорец кон светот, компјутерите полека, но сигурно ги менуваат работите, а таблетите и електронските книги стануваат сѐ поинтересни за најмладите.

Психолозите и педагозите организираа трибина „Како литературата позитивно влијае врз развојот на комуникациските вештини кај децата и кај младите“. Велат, важно е да се створат навики за читање од најмала возраст.

Психолозите велат дека на децата е најважно да им се створат навики за читање од најмала возраст. Така ќе стекнат комуникациски вештини, ќе се надоградуваат и напредуваат како личности. Со читањето на книги имаат единствена можност да влезат во кожата на другиот и да разберат што му се случува, а со тоа да развиваат и емпатија и да научат да комуницираат.

Според педагозите и психолозите, афирмативниот пристап е еден од најважните и клучни моменти за да им ја пренесеме желбата за читање. Децата треба да ги гледаат родителите секојдневно како земаат книга в рака и посветуваат одредено време на читање.

Исто така, на читањето влијае и раскажувањето на приказни од најмала возраст и пеењето на песнички со едукативна содржина.

 

Александра Спировска