Музика од светот

Богата програма на ОФ-Фест

28.05.2018 15:27

Од 31-ви мај до 5-ти јуни ќе се одржи 17-тото издание на ОФ-Фест, манифестацијата на „една понаква музика“ и громогласни пораки за слободата на народите од светот. И покрај бројните финансиски проблеми, организаторите велат дека ова ќе биде одличен фестивал...

Со програма чија срцевина ја чинат настапите на африканската кралица, добитник на Греми, Уму Сангаре, од 31-ви мај до 5-ти јуни на три сцени во градот ќе се одржи 17-то издание на ОФ-Фест, манифестацијата на „една понаква музика“ и громогласни пораки за слободата на народите од светот.

Секое издание на ОФ- Фест по концептот го надраснува претходното. Годинашното со десетте превидени концерти ни носи актуелни и врвни имиња од т.н. музика на светот од Европа, Африка, Азија и од САД.

Програмата, богата и разновидна, иако е направена со потешкотии поради скусените средства. Наспроти тоа, вели проект менаџерот на ОФ- Фест, Ингилизов, решивме и успеавме да направиме фестивал кој е најбогат по број на изведувачи во целата историја на манифестацијата. Гостуваат музичари, вели тој, од целата планета, кои ќе ја претстават шареноликоста на музиката на светот.

Во четирите вечери, од 31-ви мај до 3-ти јуни, концертите ќе се одржат во Младинскиот културен центар. Завршната вечер е на 5-ти мај во Македонската опера и балет.

 

Александра Спировска