Директен лет Варшава- Скопје

01.06.2018 10:40

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија ЛОТ...

Прв директен лет од Варшава до Скопје. До и од македонската метропола, полската компанија ЛОТ ќе лета шест пати неделно. Патниците од Скопскиот аеродром побрзо до дестинации во САД, Канада и западна Европа.

Секој понеделник, среда и петок се предвидени полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот, а пристигнување во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан за во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.