Царината електронски ќе ја определува вредноста на половните возила

01.06.2018 12:54

Се подготвува и нов Закон за акцизи. Давачките за возилата ќе се регулираат преку посебен данок, велат од Царинската управа.

Од денеска се воведува електронско определување на вредноста на половните  возила, соопштуваат од Царинската управа.

„Со ова електронско определување на вредноста на моторното возило се овозможува транспарентност и она на што се жалеше деловната заедница – субјективизмот при определеување на цената на возилата што се царинат, така што на овој начин ќе добиеме реална цена што нема да подлежи на субјективизам“- рече директорот на Царинската управа, Ѓоко Танаскоски.

Се подготвува и нов Закон за акцизи. Давачките за возилата ќе се регулираат преку посебен данок, велат од Царинската управа.

Приходите во Царинската управа  бележат раст од 8,42 проценти за периодот јануари- мај годинава, споредбено со лани.