Авиосообраќај

Нова авиолинија Скопје- Варшава

01.06.2018 16:17

Прв директен лет од Варшава до Скопје. До и од македонската метропола, полската компанија ЛОТ ќе лета секој ден освен во недела. Патниците од Меѓународниот аеродром Скопје, ќе можат побрзо да стигнат до дестинации во САД, Канада и Западна Европа, односно во Скандинавија...

За 20- тина дена истекува договорот со нискобуџетската „Виз Ер“, со нови пет милиони евра од државната каса во следните три години ќе продлжи субвенционирањето на евтините авиолетови. Владата сѐ уште ги работи критериумите, јавниот повик го најави за крајот на јуни. Министерот Сугаревски тврди, расчекорот меѓу истекот на постоечкиот договор и потпишувањето на нов нема да се одрази на услугите што ги добиваат патниците, ќе се бараат на агендата нови дестинации.

Во изминатите шест години преку дава договори, „Виз Ер“ инкасираше 9,5 милиони евра. Од македонските аеродроми со евтини авиобилети оперира кон 25 дестинации. Авиопревозниците очекуваат конкуренција под исти услови за сите.

Со ЛОТ Полиш Ерлајнс, Скопје директно се поврзува со Варшава. На новата дестинација, полската компанија ќе оперира шест пати неделно. Надлежните очекуваат со авиолинијата подобрување на деловните и политички односи зголемен број туристи.

Во изминатите пет месеци, со над 6.840 лета услугите на македонските аеродорми ги користеле 780 илјади патници, менаџментот вели, за 20 насто повеќе од истиот период лани. Проектираат до крајот на годинава два милиони патници.

Сузана Фиданска- Стоевска