Прилеп

Мариовско- мегленски културни средби

04.06.2018 10:49

Мариовско- мегленски културни средби во манастирот Свети Илија кај Витолиште. Раселените и оние малкуте жители на Мариово пак се сретнаа со Мегленци за да ги оживеат спомените. Се потсетија на родното огниште и со голем копнеж заклучија - мариовци ги има секаде по подобар живот, сѐ помалку во Мариово. И егзодусот од пред повеќе децении ги расели жителите на Мегленско- мариовскиот крај...

Со носталгија, многу копнеж и обновени спомени, мариовци, повеќето некогашни, и малку сегашни жители, се сретнаа по 34-ти пат на „Мариовско- мегленските културни средби“.  Големото Мариово, но, една од најретко населените области на Балканот, сега брои околу 300 жители, претежно стари луѓе.

Некогашните жители, со копнеж го одржуваат родното огниште, но тешко е за враќање. На средбата беше и Васил Розовски, роден во селото Тушим во Меглен, од мал иселен, со децении живее во Македонија. Двапати го посетил родното село, но проблем се, вели патиштата.

Средбите се да ги зближат мариовци, каде и да се. Уште ги чекаат Мегленци со кои некогаш имале трговски и соседски врски.

На Мариовско- мегленската средба настапија културно-уметнички друштва од Прилеп и Битола и беа наградени најдобриоте творби напишани за Мариово.

 

Елизабета Митреска