Родова еднаквост

Жените сѐ уште далеку од менаџерски позиции

04.06.2018 15:34

Родовата еднаквост сѐ уште претставува проблем во Македонија. Спроведено истражување покажува дека има помалку жени на раководни позиции во компаниите, иако имаат и подобри резултати во образованието. Како пример посочен енергетскиот сектор.

Жените сѐ уште се далеку од високи менаџерски позиции во компаниите од енергетскиот сектор. Традиционалните бариери и семејните обврски и натаму претставуваат препреки за напредување во хиерархијата. Истражувањата покажуваат дека како студенти, девојките покажуваат подобар успех, но тешко стигаат до раководни места.

Надминувањето на родовиот јаз е проблем не само во енергетскиот сектор и не само во Македонија. Потребни се системски решенија од креаторите на политики,во образовниот сектор и во бизнис- секторот.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека постои јаз и во висината на платите. Жените сочинуваат над 50 проценти од популацијата, а учесниците на конференцијата посочија дека без нив, Македонија не може да смета на поголем економски раст и развој.

 

Дијана Ценевска