Осум загинати во самоубиствен напад во Кабул

04.06.2018 16:19

Безбедносната ситуација во Авганистан се влошува пред изборите за Националниот парламент и за окружните совети, закажани за 20 октомври.

Осуммина загинати во самоубиствен напад на свештеничка средба во Кабул, посветена на борбата против тероризмот.  Досега ниедна група не презеде одговорност за нападот.

Безбедносната ситуација во Авганистан се влошува пред изборите за Националниот парламент и за окружните совети, закажани за 20 октомври.

Во последните неколку месеци, во серија бомбашки напади во Кабул загинаа десетици луѓе.