ВАШИНГТОН

Потврдена средбата Трамп- Ким за 12-ти јуни во Сингапур

05.06.2018 10:08

Претедателот Трамп на секојдневни брифинзи за Северна Кореја до почетокот на средбата чијашто локација во градот се уште не е прецизирана.

Белата куќа потврди - првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур. Претедателот Трамп на секојдневни брифинзи за Северна Кореја до почетокот на средбата чијашто локација во градот се уште не е прецизирана.

„Активно се подготвуваме за самитот на 12 јуни меѓу претседателот и севернокорејскиот лидер. Тимот ги привршува логистичките подготовски и останува таму до почетокот на средбата. Во демилитаризираната зона, делегацијата на американскиот амбасадор води дипломатски преговори со севернокорејската делегација. Дискусиите се позитивни, направен е значителен напредок“, изјави портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Санкциите остануваат во сила се додека официјален Пјонгјанг не се откаже од нуклеарното оружје.