ГВАТЕМАЛА

Се зголемува бројот на жртвите од вулканската ерупција на Фуего

05.06.2018 11:12

Повредени се 46 луѓе, а околу 2.000 лица се сместени во посебни засолништа.

Тридневна жалост во Гватемала поради жртвите во вулканската ерупција на Фуего. Од 70 загинати, властите идентификувале 17 од телата во селата Лос Лотес и Ел Родео.

Повредени се 46 луѓе, а околу 2.000 лица се сместени во посебни засолништа. Евакуација е спроведена на над 3.200 лица.