Генерално Собрание на ОН: Избор на нова претседателка

05.06.2018 11:41

Во трката се амбасадорката во ОН, Мери Елизабет Флорес Флејк од Хондурас и министерката за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноса Гарсес.

Генералното собрание на ОН избира нов претседател. По четврти пат се назначува жена на чело на Светската организација којашто функционира 73 години. Во трката се амбасадорката во ОН, Мери Елизабет Флорес Флејк од Хондурас и министерката за надворешни работи на Еквадор, Марија Фернанда Еспиноса Гарсес.

Претседателот се избира според  регионална ротација, а годинава Латинска Америка и Карибите се на ред од септември да го преземат едногодишното претседавање со телото во кое членуваат 193 земји.