Случај „Тенк“

Писмото од Кривичниот суд за дополнителен преглед на Јанкулоска пристигнало до ГАК

05.06.2018 12:49

На последното рочиште, судијата Добрила Кацарска даде налог за дополнителен здравствен преглед на Јанкулоска, која е во деветтиот месец од бременоста, и не се појави на судењето...

До Гинекологија од скопска единица пристигнало писмото за да се изврши дополнителен преглед за здравствената состојба на екс- министерката за внатрешни Јанкулоска, обвинета во случајот „Тенк“, потврдија од клиниката. Формирана е стручна комисија. Најверојатно прегледот ќе биде извршен денеска.

На последното рочиште, судијата Добрила Кацарска даде налог за дополнителен здравствен преглед на Јанкулоска, која е во деветтиот месец од бременоста, и не се појави на судењето.

Преку адвокатите достави известување за породилно отсуство и медицинска документација. Со отворено писмо реагираше на ваквата одлука на Судскиот совет.