СДСМ: Економијата се движи во вистинскиот правец

05.06.2018 13:28

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – април е зголемен за 14,3 насто, споредбено со лани, велат од СДСМ...

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – април е зголемен за 14,3 насто, споредбено со лани, велат од СДСМ.

По рекордниот влез на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава, ова е уште една потврда дека економијата се движи во вистинскиот правец.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, нови работни места, економски раст и повисок животен стандард, се вели во соопштението од СДСМ.