Ново дело на академик Блаже Ристовски

„Историските основи на МАНУ“ - аманет за идните генерации

05.06.2018 14:35

30 годинишните истражувањата на академик Блаже Ристовски за развојот на македонското културно творештво собрани во едно дело. Книгата ја претставија академиците Старделов и Камбосвки. Според нив во период кога Македонија го бара својот идентитет во рамки на европските народи „Историските основи на МАНУ“ останува како аманет за идните генерации...

„Историските основи на Македонската академија на науките и уметностите“ е последното дело на еден од основоположниците на МАНУ, академик Блаже Ристовски. Основната водилка на Ристовски е потврдувањето на Крсте Петков- Мисирков како основополжник на современиот македонски јазик, неговото прифаќање како најголем научник и национален деец чии дела ќе бидат барани од младата генерација.

Во ова дело се содржани повеќедецениските истражувањата на Ристовски за развојот на македонското културно творештво. Тоа е синтеза на македонскиот дух- истакна академик Георги Старделов.

Акдемиците велат дека историските основи на МАНУ остануваат како аманет за идните генерации, во период кога Македонија го бара својот идентитет во рамките на европските народи, а притоа грчевито се бори да ги задржи своите особености, култура и јазик.

 

Марина Тонева- Стојановска