Путин: Заинтересирани сме за обединета и напредна ЕУ

05.06.2018 14:41

Рускиот претседател во Виена е на прво официјално патување во новиот претседателски мандат...

„Заинтересирани сме за обединета и напредна Европска унија зашто ни е најважен економски и трговски партнер“, изјави рускиот претседател Владимир Путин непосредно пред посетата на Австрија.

Потенцира дека одлуката со кој конкретно земјата ќе соработува е прагматична. Во Виена е на прво официјално патување во новиот претседателски мандат. Билатерланите односи се дополнително подобрени откако во Австрија владее новата коалиција предводена од Себастијан Курц.