Рехабилитација на патишта

05.06.2018 15:47

До крајот на јуни ќе заврши рехабилитацијата на автопатот од Скопје до Тетово. Министерството за транспорт тврди- инвестиции од над половина милијарда евра во Коридорот 8...

До крајот на месецов ќе заврши рехабилитација на патот Скопје- Тетово во должина од 17 километри, уверува Министерството за транспорт. Оштетувањата на делницата се санираат со 1,1 милион евра од Буџетот на ЈП за државни патишта, потоа ќе се распише тендер за потегот од Тетово до Гостивар.

Во западниот дел се инвестира над половина милијарда евра за изградба и реконструкција на патниот Коридор 8, тврди министерот Сугарески.

Анализите на Министерството покажуваат потреба од реконструкција и на други регионални патишта.

 

Дијана Ценевска