Култура

На 21-ви јуни почнува „Скопско лето“

19.06.2018 13:55

На 21-ви јуни, Светскиот ден на музиката, но и првиот ден на летото ќе почне традиционалното „Скопско лето“. Ќе трае 40 дена, а се предвидени околу 50 содржини, со учество на голем број реномирани, врвни, домашни и странски уметници и ансамбли. Организаторите велат, традицијата долга 39 години е симбол на културниот живот во Скопје...

Театарски претстави, концерти, излижби, програми за деца. Атрактивна и квалитетна програма во 40-те фестивалски денови на 20 локации, на традиционалното „Скопско лето“ кое опстојува 39 години. За почеток концерт на музичари од Израел во Македонската филхармонија на 21-ви јуни, на Светскиот ден на музиката и почетокот на летото. На првата театарска изведба на годинашното „Скопско лето“ ќе гостува загрепскиот театар „Гавела“ со „Крал Ричард Трети“, во режија на Александар Поповски.

Амбасадорот на Израел во Македонија, рече дека ќе имаат чест да го отворат фестивалот со концерт со кој ќе бидат одбележани 70 години независност на Израел.

„Скопско лето“ и овој пат ја покажува својата широчина и отвореност за креативните сили, порача директорот Глигоров.

Беше промовиран и водич на Скопје за странци, на англиски јазик. Содржи седум илјади години култура во Скопје, рекоа издавачите.

 

Александра Спировска