ДПМ

Наградите „Книжевен жезол“ врачени на поетите Видичевски и Добре

21.06.2018 13:16

Друштвото на писатели на Македонија ги додели традиционалните поетски награди. Асоцијацијата ќе издаде посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, англиски и на романски јазик...

Наградата „Книжевен жезол“ им беше врачена на македонскиот поет Видое Видичевски и на поетот од Романија, Ѓеорѓе Добре, за исклучителен поетски опус. Во Друштвото на писателите на Македонија, каде што се одржа традиционалната манифестација „Празник на липите“ на поетесата Мирјана Тренчева ѝ беше врачена плакета за наградата „Даница Ручигај“.

Друштвото на писателите на Македонија ќе објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на: македонски, романски и на англиски јазик.

Повеќегодишното постоење на манифестацијата во континуитет, која традиционално ги спојува мирисот на липите, мирисот на Градот Скопје и поетскиот збор, е предуслов не само за признавањето на нејзиниот квалитативен успех, туку и за креативниот, извонреден и уникатен поетски жар кој празникот на липите го акумулира и го промовира, порача претседателката на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Александра Спировска