Известување за полагање стручен испит за безбедност при работа

20.06.2018 16:46

Министерство за труд и социјална политика

 

 

Известување за

полагање стручен испит за безбедност при работа

 

 

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

·         На 26 јуни 2018 година, во периодот од 9:00 до 11:00 часот, ќе се одржи Испитот за проверка на теоретското знаење на кандидатите, односно теоретскиот  дел од испитот   и

·         На 12 јули 2018 година, од 11:00 до 13:00 часот ќе се одржи Испитот за проверка на практичната способност на кандидатите, т.е. практичниот дел од Стручниот испит за безбедност при работа.  

 

Полагањето ќе се одржи во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во компјутерскиот центар (приземје), бул. „Гоце Делчев" бр.96, Скопје.

 

 

За начинот на спроведувањето на Испитот, кандидатите можат подетално да се информираат од Известувањето кое е објавено на web-страната на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, на следната адреса: http://www.mtsp.gov.mk/