Азиска премиера на „Бикини Мун“ во Шангај

25.06.2018 14:07

По повод премиерата на „Бикини Мун“ кинеската телевизија снимила и емисија за Манчевски. Филмовите на Манчевски се популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг...

Филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски изминатиот викенд имаше азиска премиера на Филмскиот фестивал во Шангај, Кина, кој е меѓу најголемите фестивали во Азија. Премиерата на петтиот игран филм на Манчевски беше во селекцијата „Ново од авторите“.

По повод премиерата на „Бикини Мун“ кинеската телевизија снимила и емисија за Манчевски. Филмовите на Манчевски се популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура.

На ланското јубилејно 20-то издание на фестивалот во Шангај имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната фестивалска награда. Тој одржа и мастерклас при универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и беше промовирана негова книга со фотографии и есеи што е објавена во Кина.