Промовирана книгата „Европа- нашиот заеднички дом“ од Жан Моне

27.06.2018 14:20

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој е и автор на предговорот на изданието, рече дека мошне инспиративна е идејата да се земат текстови од Жан Моне, кој е еден од татковците на Европа.

Испечатено е специјално издание насловено „Европа- нашиот заеднички дом“, од Жан Моне, по повод 25 години дипломатски односи меѓу Република Франција и Република Македонија.

Оваа книга е времеплов, зборуваме за верба во историјата, непоходност од европска конструкција како услов за мир, благосостојба, но и за влијание врз нашиот континент, рече ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија (ЕФТА), Јордан Плевнеш, на промоцијата на книгата.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој е и автор на предговорот на изданието, рече дека мошне инспиративна е идејата да се земат текстови од Жан Моне, кој е еден од татковците на Европа.

Тоа е еден човек кој со голема трпеливост знаеше како да ги убеди луѓето и многу се ангажираше на патот на конструкцијата на Европа. Се што е собрано во оваа книга навистина може да послужи како едно големо искуство, бидејќи треба да се знае дека одењето нанапред во Европа треба да се прави со голема трпеливост и сите тие идеи кои се содржани во книгата всушност треба да се реализираат, посочи амбасадорот Тимоние.

Книгата ќе биде достапна во сите книжарници низ земјата.