СООПШТЕНИЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА БРИШЕЊЕ НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА И ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ

26.06.2018 17:06
 
 
Ве известуваме дека Централниот регистар на Република Македонија на својата веб - локација: www.crm.com.mk објави Преглед на трговски друштва и трговци поединци над кои Централниот регистар на РМ спроведува постапка за бришење:
 
Централниот регистар на Република Македонија, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва(Сл.Весник на РМ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16) , објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б и член 477-a од истиот закон, поради тоа што до 31.12.2017 година до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2016 година и/или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица(Сл.Весник на РМ бр.84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16) и/или по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле/уплатиле основачкиот влог и за кои Управата за јавни приходи утврдила статус на неактивен субјект и за тоа електронски го известила Централен регистар на РМ.
 
На посочената веб - локација покрај списокот е објавен и текот на постапката за бришење по претходно споменатите основи, согласно одредбите во Законот за трговски друштва.
 
 
Со почит,
Централен регистар на Република Македонија