Мотив да испорачаме резултати

30.06.2018 08:49

Со утврдениот датум од Европската унија, кон крајот на јули почнува скриниг процесот, вели премиерот Заев во ексклузивното интервју за Македонската телевизија. Очекува во јуни идната година отворање на поглавја. Референдумот за договорот со Грција, најверојатно кон крајот на септември...

Со утврдениот датум од Европската унија, кон крајот на јули почнува скриниг процесот, вели премиерот Заев во ексклузивното интервју за Македонската телевизија. Очекува во јуни идната година отворање на поглавја.

„Со утврдениот датум расчистивме, нема никакви дилеми. Почнува скрининг- процесот, најавивме втора половина на јули. Кабинетите го договараат, најверојатно ќе биде околу 17-ти или 20-ти. Веднаш штом ќе се вратиме во Скопје ќе продолжи процесот на скринингот, за да ги договориме сите фази и се надевам дека во јуни 2019-та да почнеме да отвораме поглавја“, изјави премиерот Заев.

Премирот во интервјуто вели дека генералниот секретар на НАТО ги објаснил процедурите за пристапување во Алијансата. Точно се знае и каде ќе стои македонското знаме. Со завршувањето на преговарачкиот процес, кој трае околу три месеци, Македонија добива место на масата заедно со земјите- членки на НАТО Алијансата, вели премиерот Заев.

Со решени билатерални проблеми, со отворени покани за членство, со точно утврдени датуми, премиерот Заев верува дека не само Владата, туку и сите институции во земјата, како и граѓаните ќе бидат мотивирани да испорачаат резултати.

Референдумот за договорот со Грција, според Заев, најверојатно ќе се одржи кон крајот на септември.

Целосниот разговор со премиерот Заев на Катерина Топалова погледнете го на следниот ЛИНК