Лозарство

Винариите подготвени за откуп на родот

04.07.2018 10:18

Винариите се подготвени за претстојниот откуп на винското грозје. Залихи на вино нема, но нема ни цени по кои ќе го плаќаат годинашниот род. Лани беа преземени 180.000 тони винско грозје, а за оваа сезона винариите бараат за купување 150.000 тони.

Винариите во Македонија немаат залихи и се заинтересирани за откуп на 150.000 тони грозје.

Откупни цени засега не се објавуваат, а лозарите очекуваат дека Министерството за земјодество по направените пресметки навреме ќе ги каже производствените цени за килограм грозје.

Дел од лозарите ги мачи и проблемот со винариитее „Повардарие“ и „Стефани“ кои се уште им должат 10 милиони денари за претходни реколти и немаат информации кога ќе ги добијат парите.

Според законот винариите првата рата од 20 проценти за купеното грозје треба да ја платат до 15-ти декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари следната година и последниот износ до крајот на април.

Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје. Дел од откупот се пласира во странство, а поголемиот дел остана за домашните преработувачки капацитети

Во Македонија има 48.000 лозари кои заработуваат од оваа дејност.

 

Методија Трајков