Земјоделство

Откуп на 13.000 тони пченица за да се стабилизира цената

04.07.2018 12:57

Ќе биде откупена пченицата за да се стабилизира цената, најавуваат од ресорното Министерство. Ова било договорено и со мелничарите. Поради чумата кај добитокот во Бугарија и Турција нашата надлежна Агенција ги засили контролите на границата...

13.000 тони пченица ќе бидат откупени за да се стабилизира цената- соопшти Министерството за земјоделство. Ова било договорено на средбите со мелничарите. Засега е рано да се прогнозира производната цена, но надлежните очекуваат да биде повисока од лани.

Министерот Николовски тврди дека нема застој во откупот на лубениците. Посочува оти дневно се преземаат по 500 тони.

По појавата на болест кај овците во Бугарија, нашата Агенција за храна и ветеринарство информира дека се засилени контролите на границата. Уверува оти нема опасност од влез на заболени животни од соседните земји.

Европската унија ја советува земјава да се подобри соработка меѓу институциите.

Од ИПА програмата за подобрување на контролите во делот на безбедноста на храната на земјава ѝ стојат на располагање 15 милиони евра.

 

Дијана Ценевска