„Фени“

„Еуроникел“ ги откупи сите побарувања

04.07.2018 13:27

Со овој потег практично швајцарците, преку „Еуроникел“, станаа најголем инвеститор во „Фени“, бидејќи со отворањето на стечајната постапка ги откупија сите побарувања и станаа единствен доверител на „Фени“.

Од листата на доверители на кавадаречки „Фени“ излезе и бугарската компанија „Енекод“, откако го продаде сопственото побарување на „Еуроникел“, македонската подружница на швајцарската компанија „Гсол“.

Со овој потег практично швајцарците, преку „Еуроникел“, станаа најголем инвеститор во „Фени“, бидејќи со отворањето на стечајната постапка ги откупија сите побарувања и станаа единствен доверител на „Фени“.

Истовремено „Еуроникл“ стана и закупец на комбинатот во периодот додека заврши стечајната постапка. Рестартирано е производството на едната електро печка, работно се ангажирани до 800 вработени и месечно се испорачуваат околу 1.100 тони никел.