Бизнис

ССК: Масовна дерегистрација на фирми

04.07.2018 15:50

Фирмите во македонија ги намалуваат активностите и преминуваат во сивата зона- алармира Сојузот на стопанските комори. Велат бизнисот е демотивиран да вложува поради растот на нелојалната конкуренција за која бараат механизми за сузбивање...

Рапиден раст на дерегистрација на фирмите од почетокото на годинава. Дестимулирани од нелојалната конкурениција, ги намалуваат деловните активности на 30- тина насто, за да ги избегнат давачките продолжуваат на друга локација, да ја работат истата работа, но во сивата зона- предупредуваат од Сојузот на стопански комори. Велат, причина за ваквите потези се слабите инспекциски контроли, има цели погони со над 80 вработени што работат во сивата зона, а никој не ги казнува. Да се сузбие неформалната економија- бара бизнисот.

„Она што го гледаме е дека компании кои што биле навистина активни на пазарот сега одеднаш, знаете дека луѓето работат, знаете дека луѓето делуваат, меѓутоа компанијата ги намалува деловните активности и истото се сведува или ако не на нула, се сведува на 20 или на 30 проценти. Не дека не работи, туку се префрла во сивата економија“, посочува Данела Арсовска, претседател на ССК.

Според податоците на Организацијата за еконoмска соработка и развој, сивата економија учествува со 25 насто во македонскјата економија, но од Сојузот на стопански комори велат, процентот надминува 30 насто. Со став дека проблемите се напластени со години и бараат системски решенија, Владата допрва ќе ги проверува податоците. Најави позасилени инспкеции, но побара од бизнис еснафот со податоци да ги објавува субјектите што работат на црно.

„Кога зборуваме за работа на црно треба да има јаки инспекциски контроли, но мора да има и кооперативност и од Ваша страна, да укажувате на општи состојби е в ред, но и на конкретни примери кои се тие фирми што ја нарушуваат конкурентноста“, вели Зоран Шапуриќ, министер задолжен за подобрување на законската регулатива.

И податоците на Светската банка алармираат, фирмите во државава се спрвауваат со 55, 5 насто нерегистрирани субјекти, нелолјалната конкуренција во македонската економија.

 

Сузана Фиданска- Стоевска