Министерството за финансии и Фондот за иновации го организираат првиот „ФинХакатон“

05.07.2018 11:01

Наградниот фонд за реализација и финализација на победничките решенија е 1,5 милиони денари. Победниците ќе имаат можност да основаат сопствена стартап компанија, а менторите ќе им помогнат на учесниците во реализацијата на нивните идеи.

Министерството за финансии во соработка со Фондот за иновации за првпат организира  „ФинХакатон“. Oвој 48-часовен предизвик е со цел да собере и да поттикне млади и креативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тоа подразбира веб-апликација, видео и видеоигра.

Наградниот фонд за реализација и финализација на победничките решенија е 1,5 милиони денари. Победниците ќе имаат можност да основаат сопствена стартап компанија, а менторите ќе им помогнат на учесниците во реализацијата на нивните идеи.

Во секој тим потребни се членови со предзнаења во делот на развој на веб-апликации, дизајн, хардвер, софтвер, економија, бизнис и маркетинг, мулитмедија.

Натпреварот ќе се одржи од 6-ти до 8-ми јули во Министерството за финансии.