Енергетика

Куќа во Тафталиџе инсталира фотоволтаична централа, сопственикот ќе произведува струја од соларна енергија

05.07.2018 15:26

Почна користењето на семејните фотонапонски централи инсталирани на крововите на домовите. Вишокот електрична енергија ќе го презема ЕВН-Македонија.ова го овозможува новиот Закон за енергетика, а инсталацијата и проектитрањето ќе го вршат тимови на ЕВН. Според анализите моќноста од 3 киловати се смета за доволна за потребите на едно семејство...

Почна користењето на семејните фотонапонски централи инсталирани на крововите на домовите од кои вишокот електрична енергија ќе го презема ЕВН-Македонија. Ова го овозможува новиот Закон за енергетика, а инсталацијата и проектирањето го извршуваат тимови на ЕВН. Според анализите, моќноста од 3 киловати се смета за доволна за потребите на едно семејство. Првата семејна соларна централа има 12 панели кои произведуваат електрична енергија за потребите на сопственикот, а вишокот енергија преку посебно двонасочно броило и инвертор ја презема дистрибутивната компанија.

„Ги повикувам сите да ги искористат поволностите што ги имаме во нашата држава и сончевите периоди со цел да ја намалат сопствената потрошувачка на електрична енергија, да заштедат, а дел од струјата и да ја предадат во мрежа“, изјави Сашо Стојкоски, член на УО на ЕВН-Македонија.

Сопственикот на семејната сончева кровна централа очекува сериозни заштеди и намалување на сметките за струја.

„Искрено мислам дека заштедите кои што ќе ги направам со производството на електрична енергија од сончева енергија ќе бидат значителни и многу ќе ми помогнат во домашниот буџет и планирањето на трошоците“, вели Александар Заовски, сопственик на кровната сончева централа.

Според податоците 7 квадратни метри соларни панели можат во просек годишно да произведат 1.000 киловат часови струја. Зависно од местоположбата на објектот и од интензитетот на сончевото зрачење се проценува дека 28 до 40 квадратни метри панели можат да покријат 30 насто од потребите на едно просечно домаќинство, без складирање на енергијата.

Премиерот Заев најави дека по примерот на Германија и Австрија државата ќе изнајде начини како да ги поттикне домаќинствата да инсталираат семејни кровни фотоволтаични централи.

 

Свето Николовски