Прилеп

Потрошувачите да се едуцираат за своите права

05.07.2018 15:43

Безбедност на храната и производите, едукација на потрошувачите, постојните законски прописи кои се компатибилни со европските, беа дел од дебатата во Прилеп на Организацијата на потрошувачи на Македонија, на Агенциајта за храна и ветеринарство, на инспекциските служби. Да се следат предупредувањата, а потрошувачите мора да ги знаат своите права. Месечно преку 150 граѓани бараат единација за законските прописи...

„Внимавајте на куклите што зборуваат. Ве шпиунираат“, предупредуваат од Европа и од Организацијата на потрошувачи на Македонија. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, велат- да се вратат купените златни лажици преку фирмата „Веропулос“ кои содржат опасни материи за здравјето. Ова се најновите предупредувања до потрошувачите.

Потрошувачите најчесто се жалаат на јавните и туристичките услуги, на гаранцијата, долгата испорака на мебелот, телекомуникациските услуги, на брзото расипување на производите. Со законските измени се очекува Асоцијацијата да може да презема акции.

Потрошувачите, пак, доволно не си ги знаат своите права. Имаат и лични искуства.

Агенцијата за храна и ветеринарство и инспециите во државава будно следат што се внесува во земјава, но и што се продава. Небезбедни може да бидат пакувањата, предметите, машините во допир со храната. Македонските прописи се компатибилни со ЕУ- стандардите.

Прилепските бизнисмени и невладини оргтанизации беа запознати со владината програма за заштита на потрошувачите, со безбедноста на храната како и со македонските законски прописи.

 

Елизабета Митреска