Северна Кореја

Мајк Помпео во трета посета на Пјонгјанг

05.07.2018 15:53

Според проценката на разузнавачките агенции, Северна Кореја продолжува да ја гради и подобрува инфраструктурата наменета за балистичката и нуклеарната програма.

Неколку недели откако американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека светот е побезбедно место по историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун во Сингапур, државниот секретар на САД, Мајк Помпео по трет пат се врати во Пјонгјанг поради скептицизмот околку подготвеноста на Владата на Ким за нуклеарно разоружување.

Според проценката на разузнавачките агенции, Северна Кореја продолжува да ја гради и подобрува инфраструктурата наменета за балистичката и нуклеарната програма. Советникот за национална безбедност Болтон најави дека Помпео ќе претстави план за целосно укинување на нуклеарките во една година, но Стејт Департментот го демантираше ова.

Поради променливите и нејасни пораки од Белата куќа, Конгресот ќе бара документ со којшто претстедателот Трамп ќе мора да ги поднесува на гласање сите договори коишто ќе бидат постигнати со Ким.