Мексико: Најмалку 24 жртви во експлозии во фабрики

06.07.2018 11:06

Меѓу загинатите има работници во погоните, пожарникари и случајни минувачи.

Најмалку 24 лица загинале, а десетици биле повредени во две експлозии вчера во погони за изработка на огномет во мексиканскиот град Тулапек.

Меѓу загинатите има работници во погоните, пожарникари и случајни минувачи. Тулапек е голем центар за производство на огномет, каде што се чести несреќните случаи.

Во јуни седум лица загинаа, а осуммина беа повредени во слични експлозии.