Вашингтон

Поранешниот директор на „Фокс Њуз“ во тимот на Трамп

06.07.2018 12:28

Шајн ќе биде дел од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, и ќе го предводи тимот за комуникации на претседателот на САД.

Поранешниот директор на телевизијата „Фокс Њуз“, Бил Шајн ќе биде дел од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, и ќе го предводи тимот за комуникации на претседателот на САД.

Белата куќа соопшти дека Шајн во тимот на Трамп ќе донесе две децениии искуство во телевизија, комуникации и менаџмент.