Китанов: Електронска наплата на патарините за десетина дена

06.07.2018 12:47

За 10- тина дена се очекува да проработи електронската наплата, се врши тестирање на системот- вели првиот човек на Јавното претпријатие државни патишта, Зоран Китанов.

Во првата половина од годинава, од патарини се инкасирани 55 милиони денари, за 5,3 насто повеќе од лани. За 10- тина дена се очекува да проработи електронската наплата, се врши тестирање на системот- вели првиот човек на Јавното претпријатие државни патишта, Зоран Китанов.

„За десетина дена очекувам да почне да функционира електронската наплата на патарините и тоа во прво време на Коридорот 10. Во моментов подготвени се патарините кај Романовце, Сопот и Отовица. Се прават напори и за патарината кај Кавадарци, но со надградување на постоечкиот софтвер. Од септември ќе се работи и на патарините на Коридорот 8“, рече Китанов.

Тој информираше и дека ЈП за државни патишта во вториот квартал од годинава има остварено инвестиции во вкупен износ од околу 2,2 милиони денари, односно 36 милиони евра што е за 9,8 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани, односно зголемувањето е за 37 проценти.