Попладне и за викендот нестабилно време

06.07.2018 14:33

Како што соопшти УХМР, услови за нестабилност ќе има и во скопскиот регион. Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на истокот ќе има краткотраен дожд.

Нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува од попладне и за време на викендот, најавуваат од УХМР.

Како што соопшти УХМР, услови за нестабилност ќе има и во скопскиот регион. Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на истокот ќе има краткотраен дожд.

Утре наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град.

Утре, а особено во недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени.

Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.