Заврши Фестивалот на античка драма „Стоби“ , гран- при за „Ардалион“ од Ерменија

30.07.2018 13:22

Со гран при за најдобра драма е наградена претставата „Ардалион“, античка мимодрамачиј автор и режисер е Дадасјан, во продукција на Ереванскиот државен театар на пантомина од Ерменија.

На древната сцена во античкиот амфитеатар синоќа со доделувањето на наградите, заврши 17-от Интернационален фестивал на античка драма Стоби 2018-та.

Со гран при за најдобра драма е наградена претставата „Ардалион“, античка мимодрамачиј автор и режисер е Дадасјан, во продукција на Ереванскиот државен театар на пантомина од Ерменија.

Наградата за најдобра машка улога ја освои Избасаров, за ролјата на сенека во претставата „Нерон и јас“, во изведба на Жамбилскиот регионален руски драмски театар од Казахстан, додека наградата за најдобра женска улога ѝ е доделена на Соња Михајлова, за улогата на Јулие Цезар во истоимената претстава од Вилијам Шекспир, во режија и сценска адаптација на Златко Паковиќ, а во изведба на Народниот театар од Битола.