Концерт

Македонската филхармонија и Хуан Аткинс на 2-ри август во Античкиот театар во Охрид

31.07.2018 13:49

На Илинден, во Античкиот театар во Охрид, целовечерен концерт на музичарот и диџеј Хуан Аткинс и Македонската филхармонија. Спој на електронската и класичната музика. Диригентската палка е во рацете на маестро Џијан Емин.

Спектакуларно музичко искуство со единствен, несекојдневен спој на електронска и класична музика. Македонската филхармонија на 2-ри август во Античкиот театар во Охрид со американскиот техно-диџеј Хуан Аткинс ќе одржи тричасовен музички сет.

За џинот на Македонската филхармонија, маестро Џијан Емин, соработката со светски реномираниот диџеј Хуан Аткинс не е новитет.

Македонската филхармонија преку квалитетен звук, визуелни ласерки форми и артистичка игра на светла и бои ќе понуди забава со исклучително доживување за сите сетила, велат од институцијата.

Македонската публика знае да го препознае и доживее квалитетниот музички звук, вели Аткинс. Според него, посетителите ќе доживеат ослободување од секојдневниот стрес и распламтување на најубавите емоции.

 

Александра Спировска